Достапни линкови

Осумнаесет мигранти се удавија во Егејското море


Турски медиуми јавија дека осумнаесет мигранти денеска загинале откако нивниот чамец се превртел во Егејското Море на пат за грчкиот остров Лезбос. Меѓу загинатите има неколку деца, од кои и едно бебе. Според медиумите, спасени се 21 мигрант. Чамецот отплавил од турскиот град Дикили, а се превртел поради големите бранови. Чамецот потонал во водите крај селото Бадемли.

XS
SM
MD
LG