Достапни линкови

Договорот за српските општини е согласно косовскиот Устав


косовската претседателка Атифете Јахјага

косовската претседателка Атифете Јахјага

Косовскиот Уставен суд реши дека Заедницата на српските општини ќе биде воспоставена како што е предвидено со првиот договор, кој кон крајот на август во Брисел го потпишаа претставници на Белград и Приштина. Судот ја донесе одлуката на барање на косовската претседателка Атифете Јахјага, но утврди дека одделни принципи од овој договор не се целосно согласно косовскиот Устав. Со оваа одлука, која стапува во сила веднаш, престанува времената мерка воведена на 10 ноември оваа година, со која е суспендирана секоја активност околу формирањето на Заедницата на српските општини.

XS
SM
MD
LG