Достапни линкови

logo-print

Прекршување на примирјето во источна Украина


Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко.

Украинските владини сили и проруските бунтовници се обвинија меѓусебно за прекршување на примирјето во источна Украина, по само неколку часа откако тоа стапи на сила. Портпаролот на украинската војска, Андриј Лисенко изјави дека нелегалните вооружени групи веќе го прекршиле договорот.

Според него, тие забележале неколку напади на нивни позиции. Сепаратистичките власти ги отфрлија тврдењата и ги обвинија украинските сили за напади на нивна територија. Двете страни претходно се согласија на примирје поради божиќните празници.

XS
SM
MD
LG