Достапни линкови

logo-print

Груевски-Опозицијата го проби дното


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски во писмената изјава за случајот „Фабрика за афери“ истакна дека додека власта спроведува проекти некој мислел на фалсификати, деструкција, сценарија, местенки, лажни конструкции и гнасни потези.

„Ако до пред некој ден мислевме дека опозицијата го допрела дното, сега е дефинитивно дека го пробија и дното. Ова мора да се истражи до крај, и сите виновници да одговараат пред законот. Мора да се истражат сите поврзаности на овој случај со други големи случаи. Мора да се истражат безбедносните аспекти на овој случај со други случаи. Мора да се истражи и објави како конструирани снимки и фалсификати произведени во Фабриката за афери завршувале во соседни земји. Кој тоа правел трговија со овие работи?“, се вели во реакцијата.

Груевски порачува дека не само што има и други квалификации туку е и класично антидржавно однесување против Македонија и нејзините граѓани. Според него, тоа не може да се оправда со невешти изјави и интервјуа на лица од опозицијата кои служат само за прикажување на лажна самодоверба.

XS
SM
MD
LG