Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ ја обвинува СДСМ за аферата за лични карти


Од ВМРО ДПМНЕ денеска реагираат дека СДСМ мора да и одговори на јавноста како 70.000 од вкупно 600.000 нелегално стекнати прислушувани разговори се нашле во рацете на нивните членови, кои според партијата, се познати криминалци, со кои раководството на опозицијата било во постојан контакт.

Тие го повикаа лидерот на СДСМ, Зоран Заев да му одговори на народот зошто предавајќи 70.000 разговори на осудени криминалци од СДСМ свесно довеле во опасност од уцена и изнуда илјадници македонски граѓани. Од партијата прашуваат и кој е нарачателот на „Фабриката за афери на СДСМ“.

XS
SM
MD
LG