Достапни линкови

Спасовски-Незаконски лични карти за гласачи од Пустец


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека побарал од службите да проверат како им се издале лични карти на дваесет и две лица кои немале право да гласаат во Македонија. Според Спасовски, лицата, од кои најголем дел биле од Пустец, Албанија гласале на последните локални избори во 2013 година во општина Центар.

Спасовски нагласи дека лични карти кои им биле издадени на тие лица се незаконски. Тој истакна дека истрагата е во тек, а сите наоди ќе бидат доставени до Специјалното јавно обвинителство кое е надлежно за изборните нерегуларности.

XS
SM
MD
LG