Достапни линкови

Иран со критика за визниот режим на САД


Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

Иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф изјави денеска дека промената на визниот режим на САД е прекршување на нуклеарниот договор меѓу земјата и шесте светски сили. Вашингтон неодамна ги засили безбедносните мерки со кои им се овозможуваше на граѓаните од 38 земји да влезат во САД без виза. Сега луѓето кои потекнуваат од тие земји, а патувале и во Иран, Ирак, Сирија и Судан во последните пет години ќе мора да добијат виза за да влезат во САД.

XS
SM
MD
LG