Достапни линкови

СДСМ очекува професионална истрага за личните карти


Од СДСМ соопштија денеска дека очекуваат од Јавното обвинителство да спроведе професионална и законска истрага со која ќе утврди кој и со каква цел фалсификувал лични карти. Според партијата, бидејќи Обвинителството тврди дека се пронајдени и снимени телефонски разговори кај осомничените лица, истрагата треба да покаже на каков начин материјалите се нашле кај нив.

СДСМ бара и Обвинителството да објасни како тоа владините медиуми имаат информации и детали од истрагата со кои, како што наведуваат од партијата, шпекулираат и создаваат забуна во јавноста, пред официјално да соопшти нешто Јавното обвинителство. Од СДСМ нагласуваат дека со тоа се потврдува оти Јавното обвинителство реагира само кога се во прашање интересите на премиерот Никола Груевски.

Додека за криминалите, корупцијата и злоупотребата на институциите кои, според СДСМ биле откриени преку проектот Вистината за Македонија, Основното јавно обвинителство со месеци молчело и не преземало ништо.

XS
SM
MD
LG