Достапни линкови

Тешки борби во Авганистан


Тешки борби се водат меѓу авганистанските сили и талибанците во реонот Сангин во јужната покраина Хелманд. Авганистанското министерство за одбрана соопшти дека било испратено засилување во Сангин. Од министерството побараа и меѓународна воена помош, особено воздушна поддршка. Британија распореди мал број на војници во Хелманд со цел да им помогнат на авганистанските сили. Сангин е важен регион во покраината кој граничи со Пакистан и е дел од транспортната рута за дрога и оружје.

XS
SM
MD
LG