Достапни линкови

Едно лице загина во експлозијата на аеродром во Истанбул


Аеродромот „Сабина Ѓокчен“ во Истанбул

Аеродромот „Сабина Ѓокчен“ во Истанбул

Едно лице загина, а друго е повредено во експлозија на аеродромот „Сабина Ѓокчен“ во Истанбул во раните утрински часови, јавија турски медиуми. Починатата е хигиеничарката на аеродромот.

Засега не се познати причините за експлозијата, по што полицијата ги зајакна безбедносните мерки на влезот во аеродромот.

Полицијата ги разгледува сите можни верзии, вклучувајќи и терористички напад. Во Турција се чести напади од курдски милитанти, левичари или милитанти на „Исламската Држава“

XS
SM
MD
LG