Достапни линкови

logo-print

Грција: Се удавија 13 бегалци, меѓу нив седум деца


Најмалку 13 лица се удавиле изутрината, меѓу кои седум деца, кога чамецот во кој се наоѓале 25 бегалци потона во источниот дел на Егејското Море, соопштија грчки претставници. Крајбрежната стража соопшти дека 13 луѓе се спасени, а дека две лица се водат како исчезнати. Се претпоставува дека бегалците тргнале од Турција. Несреќата се случила во раните утрински часови кај малиот грчки остров Фармакониси.

XS
SM
MD
LG