Достапни линкови

Во Франција спречен терористички напад


Бернар Казнев

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев изјави дека полицијата во минатата недела спречила терористички напад на џихадистите во близина на Орлеан, во централниот дел на земјата. Тој прецизира дека цел на планираниот напад биле војници, полицајци и државни претставници и оти притоа биле уапсени двајца француски државјани на возраст од 20 и 24 години. Тие биле во врска со француски милитанти во Сирија. Казнев додаде дека од 2013 година во Франција биле спречени 10 терористички напади. Во нападите на 13 ноември во Париз беа убиени 130 луѓе. Тоа беше најголем терористички напад во историјата на Франција.

XS
SM
MD
LG