Достапни линкови

Постигнат договор за примирје во Украина


Украина склучила „новогодишно примирје“ со проруските сепаратисти . „Постигнавме целосен и безусловен договор за прекин на огнот кој почнува на полноќ меѓу 22 и 23 декември“, напиша на Фејсбук Дарка Олифер, советник на украинскиот преговарач Леонид Кучма, додавајќи дека договорот бил постигнат во Минск, Белорусија. Украина и проруските сепаратисти во септември се договорија за прекин на огнот, но тоа беше загрозено со бранот насилства што почна во минатата недела.

XS
SM
MD
LG