Достапни линкови

logo-print

АИ: стотици убиени цивили во руските напади во Сирија


Најновото истражување од Амнести интернешнал покажува дека во серијата руски воздушни напади во Сирија загинале над 200 цивили и само неколкумина милитанти. Во извештајот објавен денеска фокусот е ставен врз шест напади извршени во изминативе три месеци во сириските градови Хомс, Идлиб и Алепо. Амнести оценува дека руските напади намерно имале за цел станбени делови и амбуланти и оти притоа се користеле касетни бомби. Москва ги отфрла ваквите наводи.

XS
SM
MD
LG