Достапни линкови

ВМРО ДПМНЕ го обвини Спасовски дека бега од одговори


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека генералниот секретар на СДСМ и технички назначен за министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се посрамотил и бегал од одговори во стилот на неговиот лидер. Господине Оливер Спасовски, јавноста не слушна дали сте вие на сликите со криминалците кои стоеја зад „Фабриката за афери“ на СДСМ?, се вели во реакцијата. Денешната нервозна и конфузна прес конференција на Спасовски, како што наведуваат била алиби изјава во стилот злосторникот на местото на злосторот.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека целата агенда на СДСМ е еден голем фалсификат. Од партијата наведуваат дека постојат сериозни индиции оти СДСМ учествувале во фабрикување на афери исто како што постојат сериозни информации и основи за сомнение дека нелегално прибавените телефонски разговори од граѓаните ги дале на криминалци со тапија.

XS
SM
MD
LG