Достапни линкови

Заев - Пропагандата на Груевски режира нов филм


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави денеска дека паниката која ја покажува премиерот Никола Груевски и неговите соработници е обид да најдат спас од безизлезот. Според него, тие знаат колку длабоко се влезени во криминал и корупциски скандали и сега го прават истото сценарио како кога почнал проектот „Вистината за Македонија“. Сега, како што наведе Заев, тоа го прават со аферата фалсификувани лични карти и пропагандата на Груевски режира нов филм.

На новинарско прашање зошто се сликал со првообвинетиот во аферата истакна дека тоа е возможно бидејќи се среќавал со многу луѓе и оти тоа не го менува фактот за криминалот на Владата. Тој изрази очекување дека истрагата ќе покаже за што се употребувани фиктивните лични карти и која била нивната цел, како и кој им ги дал прислушуваните материјали на осомничените.

Во однос на договорот од Пржино рече дека тој е единствена можност за излез од политичката криза, а избори може да има само кога ќе бидат обезбедени сите предуслови.

XS
SM
MD
LG