Достапни линкови

logo-print

Иванов-Договорот од Пржино резултат на политичка неодговорност


Годишно обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Собранието на Република Македонија.

Годишно обраќање на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во Собранието на Република Македонија.

Претседателот Ѓорѓе Иванов за време на неговото годишно обраќање во Парламентот изјави дека во изминатите шест години Македонија се соочила со три политички кризи, секоја посериозна и подлабока од претходната. Според него, дијалогот изостанал, а политичкиот воздух станал толку загаден од сомнежи и меѓусебни обвинувања што почнал да го гуши македонското општество.

Тој посочи дека Договорот од Пржино е резултат на политичката неодговорност. Иванов нагласи дека на политичките лидери не им бил доволен уставниот поредок за да седнат и да се договорат и наместо во институциите се среќавале на други места и во други формати. Нивна била одлуката, како што наведува тој, и нивна е одговорноста за Пржино, при што оние кои ја преземале обврската треба и да ја исполнат.

XS
SM
MD
LG