Достапни линкови

logo-print

„Војна на ѕвездите“ соборува рекорди


Најновото продолжение на холивудскиот филм „Војна на ѕвездите“ соборува рекорди по гледаност во кино салите во светот. Само во изминатиот викенд „Војна на ѕвездите, будење на силата“ заработи 529 милиони долари, од кои 248 милиони во Соединетите држави. Со тоа овој филм го надмина рекордот на „Џурасик“ кој претходно заработи 525 милиони долари за еден викенд. Исто така, за разлика од „Џурасик“, во рекордот на „Војна на ѕвездите“ ја нема заработката од Кина каде што филмот треба да почне да се прикажува од 9 идниот месец. Аналитичарите предвидуваат дека „Војна на ѕвездите“ ќе заработи околу 3 милијарди долари со што ќе го надмине „Аватар“ кој уште од 2009 година е филм со најголема заработка во светот.

XS
SM
MD
LG