Достапни линкови

Експлозија на автобуска станица во Доњецк


Руските новински агенции јавуваат дека силна експлозија се случила синоќа во градот Доњецк во источна Украина. Агенциите кои за овој настан ги цитираат властите на овој самопрогласен сепаратистички регион не наведуваат дали притоа имало жртви. Проруските сепаратисти ја имаат контролата врз поголемиот дел на Доњецк и на Луганск. Борбите меѓу нив и украинските владини сили се интензивираа во минатиот месец по релативното примирје. Над 7 илјади и 900 луѓе загинале во конфликтот во источна Украина од неговиот почеток во април минатата година.

XS
SM
MD
LG