Достапни линкови

Тодоров ја „преживеа“ интерпелацијата - останува на функцијата


Никола Тодоров останува министер за здравство откако Собранието пред полноќ не ја прифати интерпелацијата за неговата работа поднесена од пратениците од опозицијата. За разрешување на Тодоров гласаа 29 пратеници, додека 56 беа против.

Опозицијата побара оставка од министерот Тодоров, поради, како што наведоа, несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем и системски пропусти. Според нив, Тодоров треба да поднесе оставка поради смртта на неколку пациенти во измината година, нереализацијата на низа проекти, како и за заминувањето на околу 700 доктори од Македонија.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја оценија интерпелацијата како неоснована и без аргументи. Тие посочија дека за разлика од минатото сега се инвестира во реконструкција и изградба на здравствени објекти, набавена е современа медицинска опрема, реализирани се низа проекти со кои е подобрена здравствената услуга на граѓаните, намалени се цените на лековите и вработен е медицински кадар.

Стотина граѓански активисти вечерва протестираа пред Собранието, барајќи Тодоров да поднесе оставка од функцијата и да преземе политичка и морална одговорност за лошите состојби во здравството.

XS
SM
MD
LG