Достапни линкови

Ракетен напад на дипломатски реон во Авганистан


Авганистанската полиција и сведоци соопштија дека три ракети го погодиле реонот во главниот град Кабул каде се сместени голем број на странски амбасади и владини згради. Првичните извештаи наведуваат дека една од ракетите погодила џамија во близина на влезот на американската амбасада. Другата го погодила реонот во близина на Ширпур, а третата била во близина на центарот на градот. Се уште нема информации за жртви или причинета штета.

XS
SM
MD
LG