Достапни линкови

Поранешен премиер ќе ја формира новата влада на Молдавија


Ион Стурза

Ион Стурза

Молдавскиот претседател Николае Тимофти го повика прозападниот бизнисмен и поранешен премиер Ион Стурза да ја формира новата влада во услови на долготрајна политичка и економска криза на земјата. 55 годишниот Стурза кој беше на премиерската функција девет месеци во 1999 година изјави дека од утре ќе ги започне преговорите со политичките партии. Тој истакна и дека сака да формира влада сочинета од професионалци, а не од политички назначени министри.

XS
SM
MD
LG