Достапни линкови

Оштетена црната кутија од соборениот руски авион


Руската војска соопшти денеска дека црната кутија од соборениот борбен авион од страна на Турција е премногу оштетена. Руските власти претходно изразија надеж дека од црната кутија ќе добијат информации со кои ќе го потврдат нивниот став дека авионот не го нарушил воздушниот простор на Турција пред да биде соборен во минатиот месец во близина на границата со Сирија. Турските власти соопштија дека авионот ги игнорирал нивните предупредувања оти го нарушува воздушниот простор на земјата.

XS
SM
MD
LG