Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите против Русија


ЕУ ги продолжи санкциите против Русија за дополнителни шест месеци поради улогата на земјата во кризата во Украина. Санкциите ќе бидат продолжени до 31 јули наредната година. Унијата соопшти дека одлуката за продолжување на санкциите е донесена поради мировниот договор од Минск, кој го потпиша Русија, а кој нема да биде целосно имплементиран до крајот на годинава. Санкциите за прв пат беа воведени на 31 јули во минатата година по руската анексија на Крим и по поддршката на проруските бунтовници во источна Украина.

XS
SM
MD
LG