Достапни линкови

Собранието не го усвои законот кој го бара Јанева


Собранието на денешната седница не го усвои предлог законот за вработување во јавнобвинителска служба. Против законот гласаа пратениците на ВМРО ДПМНЕ. Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева неколку пати апелираше за усвојување на законот со кој, според неа, ќе се обезбеди непречено функционирање на институцијата.

Координаторот на СДСМ во Собранието, Горан Сугаревски пред гласањето изјави дека законот произлегува од Договорот од Пржино. Според него, доколку законот не биде поддржан се отвора сомнеж дека партиите не сакаат да бидат расчистени предметите на кои работи Специјалното јавно обвинителство. Законот беше предложен од пратеничката група на СДСМ.

XS
SM
MD
LG