Достапни линкови

Талибанците освоиле реон во јужен Авганистан


Војници ан авганистанската национална армија во Хелманд.

Војници ан авганистанската национална армија во Хелманд.

Талибанците ја преземале контролата врз стратешки реон во јужниот дел на авганистанската покраина Хелманд. Локалните власти соопштија дека талибанците го освоиле речиси целиот реон на Сангин по борбите кои траат неколку денови. Според властите, авганистанските воени објекти не биле заземени и борбите се уште се во тек. Извршниот директор на владата Абдула Абдула и претседателот Ашраф Гани повикаа на итна акција по средбата со министрите за безбедност во Кабул.

XS
SM
MD
LG