Достапни линкови

logo-print

Блатер и Платини суспендирани на по 8 години


Етичкиот комитет на Меѓународната фудбалска федерација, ФИФА денеска во Цирих ги суспендира претседателот на оваа организација Сеп Блатер и претседателот на Европската фудбалска унија Мишел Платини на по осум години. Суспензијата стапува во сила веднаш, односно Блатер и Платини нема да можат да се занимаваат со никакви активности во врска со фудбалот. Тие се суспендирани поради корупција.

XS
SM
MD
LG