Достапни линкови

logo-print

Путин: Русија не сака враќање на СССР


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не се обидува да го врати Советскиот сојуз, но оти никој не сака да верува во тоа. „Со Украина и другите делови од поранешниот СССР, сигурен сум дека западните партнери не работат во интерес на Украина. Тие работат да спречат повторно создавање на СССР“, изјави Путин во документарната програма „Светски поредок“, додавајќи: „Но, никој не сака да ни верува, никој не сака да верува дека ние не се обидуваме да го вратиме Советскиот сојуз“. Руската анексија на Крим во март 2014 година и конфликтот во источна Украина ги влошија односите на Москва со Западот на најниско ниво по Студената војна.

XS
SM
MD
LG