Достапни линкови

Словенија на референдум ги отфрли геј браковите


Скоро две третини од оние што гласаа на вчерашниот референдум во Словенија се изјаснија против истополните бракови. Од милион и седумстотини гласачи на референдумот излегоа 36 насто. Словенечкиот парламент во март годинава го редефинира бракот како „заедница на двајца возрасни“, а не како што претходно беше „заедница на маж и жена“ и им дозволи на хомосексуалните парови да можат да усвојуваат деца. Но, конзервативните организации поддржани од Католичката црква инсистираа на спроведување референдум. Словенците и во 2012 година не референдум се изјаснија против ваквите бракови.

XS
SM
MD
LG