Достапни линкови

Груевски најави нови студентски домови и универзитет во Скопје


Нов студентски дом ќе се гради на местото на старите бараки од студентскиот дом „Невена Георгиева-Дуња“ (Медицинар), а идната академска 2016/2017 година во Скопје ќе почне да работи нов државен универзитет- „Мајка Тереза“ со настава на македонски, албански и англиски јазик, најави денеска премиерот Никола Груевски.

Според планираниот проект, новиот студентски дом ќе има четири ката и спортска сала и капацитет за сместување на 350 до 400 студенти. Владата донела одлука за уште два други студентски дома, едниот е во Скопје, во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“ истудентски дом на Универзитетот во Тетово, изјави премиерот Груевски.

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми рече дека Владата денеска ги усвоила предлозите на МОН - за основање нов универзитет во Скопје и за измени на законот за Државниот универзитет во Тетово.

Универзитетот „Мајка Тереза“ кој ќе биде лоцирано поранешната касарна Илинден ќе има пет факултети: за градежништво и архитектура, за технички науки, за технолошки науки, за информатички науки и факултет за социјални науки, со вкупно 14 студиски програми за прв и втор циклус.

XS
SM
MD
LG