Достапни линкови

Путин - нема да се откажеме од Русите во југоисточна Украина


Рускиот претседател Владимир Путин во документарец вели дека нема да се откаже од Русите кој живеат во југоисточна Украина и да ги остави луѓето на украинските националисти. Властите велат дека украинските националисти претставуваат закана за етнички Руси и Украинците кои зборуваат на руски јазик во регионот. Повеќе од 9.000 луѓе се убиени во борбите во источниот дел на Украина од април 2014 година.

„Не можеме да се откажеме од луѓето кои живеат во југоисточниот дел на земјата и да дозволиме националистите да ги изедат“, изјави Путин во коментар цитиран од руските новински агенции.

Путин ги негираше наводите на независни набљудувачи и медиумите дека руски редовни војници учествуваат во конфликтот. Сепак, вчера тој призна дека Русија има персонал воисточниот дел на Украина, кој извршува одредени воени задачи.


XS
SM
MD
LG