Достапни линкови

Камерон - Жените војници од 2016 и на првата борбена линија


Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека од 2016 на жените во војската ќе им биде овозможена да се борат на првата борбена линија. Тој рече дек а со министерот за одбрана се договориле сите места во војската да им бидат достапни и на жените почнувајќи од 2016. Тој потсети дека во британската војска жените може да бидат распореден во подморница и на висок воени позиции. Десет проценти од британската армија се жени. Тие до сега не можеа да се бодат на првата борбена линија и директно да се соочуваат со противникот, па поради тоа не може да бидат дел од некои единици.

XS
SM
MD
LG