Достапни линкови

Ирак избра мисица по повеќе од 40 години пауза


Младата Ирачанка Шајма Абделрахман е избрана за мис на Ирак, на првиот натпревар во убавина по повеќе од 40 години пауза. Претходниот избор за мис на Ирак е одржан во далечната 1972 година. Мисицата вели дека нејзината мисија ќе биде да покаже дека Ирак се уште е земја на убавината и културата, додека во земјата се уште има тероризам и насилството. Церемонијата за избор на мис се одржа под силно обезбедување, на натпреварот кандидатките не се прошетаа во костими за капење како на другите избори за мис, а не се точеше ниту алкохол. Телевизија Ал Арабија објави дека настанот првично требало да се одржи во октомври, но бил одложен откако локалните свештеници и племенски лидери го осудиле како неморален настан.

XS
SM
MD
LG