Достапни линкови

„Не се дише“ во Скопје


„Сакам Дедо Мраз да ми донесе воздух“, „Мислам значи дишам“, „Стоп смог сега“, се само дел од транспарентите на денешниот протест против загадувањето на воздухот во Скопје. Протестот под мото „Не се дише“ започна напладне пред просториите на Град Скопје. Учесниците на протестот бараат надлежните да преземат мерки против предизвикувачите на загадувањето на воздухот. Бараат да се сопре користењето на автомобилски гуми како гориво во производството, да се вградат филтри на индустриските капацитети, да се отпочне со гасификација на Скопје и веднаш да запре секакво сечење на дрва.

XS
SM
MD
LG