Достапни линкови

Референедум за геј бракови во Словенија


Во Словенија денеска се одржувареферендум за тоа дали да се дозволат истополови бракови. Пратениците во Словенечкиот парламент во март одобрија закон со кој бракот се дефинира како заедница меѓу две лица, наместо претходната дефиниција „заедница меѓу маж и жена“. Но противниците на законот собраа доволно потписи и прашањето за истополови бракови е ставено на референдум, а измените со кои се дозволуваше тоа не стапија на сила. Најновата анкета објавена на 18 декември покажува дека против хомосексуалните бракови се 55, 5 проценти од населението, додека „за“, се 46 проценти.За победничка се смета опцијата која ќе освои најмалку 20 проценти од вкупниот број на гласачи. Словенечките гласачи еднаш веќе ги отфрлија хомосексуалните бракови, на претходниот референдум во 2012.

XS
SM
MD
LG