Достапни линкови

logo-print

Во Хрватска продолжуваат преговорите за идната влада


Коалицијата Мост продолжува денеска со разговорите со СДП-коалицијата Хрватска расте која ги прифати нивните услови, а претседателите на тие коалиции Божо Петров и Зоран Милановиќ очекуваат до вторник да имаат кандидат за мандатар, непартиски или од Мост.

Петров синоќа по состанокот рече дека не разговарале за мандатар, а Милановиќ потсети дека и претходно го споменал Петров за мандатар бидејќи има „одреден легитимитет“.

Петров додаде дека Татковинската коалиција „веќе не е во игра“.

„Почнуваме со разговори за формирање влада во добра атмосфера. Оптимисми сме. Нема враќање на старите позиции“, објави Милановиќ на Фејсбук.

XS
SM
MD
LG