Достапни линкови

logo-print

Крај на мировните преговори за Јемен, борбите траат


Крај на мировните преговори за Јемен меѓу провладините борци и шиитските бунтовници и покрај борбите во земјата, соопштија ОН. Специјалниот пратеник на ОН за Јемен најави прес конференција на оваа тема за денеска. Преговорите меѓу завојуваните страни започнаа во Швајцарија на 17 декември. Во меѓувреме воени извори велат дека 28 владини војници биле убиени на 19 декември во борбите со бунтовниците во близина на границата со Саудиска Арабија.
Шиитските Хути бунтовниците велат дека загубиле 40 војници во судирите.
Според податоци на ОН во војната во Јемен загинале најмалку 5.884 луѓе од март, кога борбите ескалираа, откако коалицијата предводена од Саудиска Арабија лансираше воздушни напади на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG