Достапни линкови

Парламентарни избори во Шпанија


Во Шпанија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои две нови партии им ја матат водата на веќе познатите политички играчи. Испитувањата на јавното мислење покажуваат дека владејачката Народна партија на премиерот Мариано Рахој, нема да освои апсолутно мнозинство и дека новите партии, десничарската Граѓани и левичарската Подомос кои ветуваат реформи, ќе влезат во парламентот. За време на владеењето на Рахој Шпанија излезе од финансиската криза, но мерките за штедење и реформите што неговата влада ги усвои се непопуларни, а невработеноста останува на високо ниво на 21 проценти. Угледот на владејачката партија исто така е нарушен од корупциски скандали. А Владата во Мадрид се соочува со уште еден проблем, барањето за независност на Каталонија.

XS
SM
MD
LG