Достапни линкови

Дојава за бомба приземјила авион на Ер Франс


Илустрација.

Илустрација.

Авион на Ер Франс кој летал на линијата Маврициус – Париз принудно слетал во Кенија откако во авионот бил пронајден сомнителен пакет, соопшти полицијата во Кенија. Портпаролот на полицијата изјави дека авионот превезувал 459 патници и 14 членови на екипажот. Сите биле безбедно евакуирани. Полицијата вели дека пакетот, за кој постои сомнение дека е бомба, бил пронајден во тоалетот. Експерти го подигнале пакетот и работат на утврдување дали во него има експлозив.

XS
SM
MD
LG