Достапни линкови

Кина ги обвини САД за сериозна воена провокација


Кина ги обвини САД за „сериозна воена провокација“, откако два американски бомбардери Б-52 прелетаа во близина на острови во Јужното Кинеско Море. Кинескиот министер за одбрана денеска изјави дека инцидентот се случил на 10 декември утрото во близина на спорните острови Спретли. Вашингтон, пак, денеска соопшти дека тие редовно спроведуваат мисии за обука во тој регион и оти ги истражуваат ваквите извештаи. За време на мисијата, еден од бомбардерите ненамерно навлегол над вештачките острови, објави вчера Вол Стрит Џурнал, повикувајќи се на претставници на Пантагон. Според нив, тоа можеби се случило поради лошите временски услови. Кина го смета поголемиот дел од Јужното Кинеско Море за нејзина територија, но Виетнам, Малезија, Брунеи, Филипините и Тајван исто така имаат различни тврдења за тоа до каде се простира нивната територија.

XS
SM
MD
LG