Достапни линкови

ЈСП - нема зголемување на цените на билетите


Цената на билетот во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје што се купува кај возачот и по воведувањето на новиот електронски систем нема да се промени и ќе изнесува 35 денари, а не 60 денари како што беше најавено претходно, предвидува Предлог одлуката за која Советот на Град Скопје треба да расправа на седница во вторник.

Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈСП Игор Јанушев на денешната прес конференција рекоа дека нема зголемување, туку има намалување на цените со новиот електронски систем за наплата со електронски билети во автобусите на ЈСП од следниот месец.

Цената на билетот за едно возење останува 35 денари и се прави унификација со цената во приградските линии која се намалува од 40 на 35 денари. Останува иста и цената на ноќното возење, 40 денари, а има намалување на месечниот билет кој за првата зона чинеше 1.650 денари на 1.400 денари. Се намалува цената на годишните билети од 16.060 денари на 15.400 денари. А се воведуваат и нови видови билети.

XS
SM
MD
LG