Достапни линкови

Фрлени молотови коктели пред општинската зграда во Тетово


Протест поради загадениот воздух во Тетово.

Протест поради загадениот воздух во Тетово.

Група од 200 до 300 лица, претежно малолетници, по вчерашниот протест во Тетово, организиран од Здружението на граѓани „Еко герила“ под мотото „За почист воздух“, се собрале пред објектот на тетовската локална самоуправа и извикувајќи разни пароли, почнале да фрлаат јајца и помали камења, а во два наврата и запалени молотови коктели.

МВР информира дека молотовите коктели паднале на асфалтната површина пред општинскиот објект и оти нема повредени лица и не е предизвикана материјална штета. По половина час групата се разотишла. Полицијата разговарала со еден малолетник за кој постоело сомнение дека учествувал во фрлањето на молотовите коктели и по разговорот бил пушен. Полицијата привела еден човек кој додека протестирал спречил полицаец во вршењето службена дејност.

XS
SM
MD
LG