Достапни линкови

Загрозена автономијата на Специјалното обвинителство?


Законот за платите на јавните обвинители не е во целост усогласен со Законот за специјално обвинителство и претставува мешање во автономијата на Специјалното обвинителство, ја пренесува Алсат М телевизија реакцијата на Специјалното јавно обвинителство. Во реакцијата се наведува дека Специјалното јавното обвинителство ги поддржува сите измени со кои се зајакнува положбата на јавните обвинители и нивната независност.

„Сепак предложениот Закон за плати на јавните обвинители не е во целост усогласен со важечката законска регулатива, односно со Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Имено, постоечката законска регулатива гарантира автономија на ова Јавно обвинителство и финансиска независност, кои се од суштинско значење за успешно функционирање на обвинителството, па било какво мешање во нивно остварување е спротивно на целта заради која е формирано ова Јавно обвинителство“, се наведува воодговор на Специјалното јавно обвинителство.Претходно повеќе медиуми објавија дека Владата предлага измени во законите за плата на јавните обвинители и на судиите. Според измените јавниот обвинител, а не специјалната обвинителка ќе одредува колкави ќе бидат додатоците на платата и на помошниците на специјалната обвинителка.

XS
SM
MD
LG