Достапни линкови

logo-print

Црна Гора воведува санкции против Крим и Севастопољ


Црногорската Влада усвои одлука за воведување на меѓународни рестриктивни мерки утврдени со одлуките на Советот на ЕУ, со која се забранува увоз и извоз од Крим и Севастопољ.

Мерките, како што се наведува во соопштението по владината седница, се одговор на незаконската анексија на Крим и Севастопољ.

„Се забранува увоз во Црна Гора на стока со потекло од Крим или Севастопољ. Се забранува, директно или индиректно, односно давање финансиска помош, осигурувања и реосигурувања, во врска со увозот на стока со потекло од Крим или од Севастопољ. Забрането е свесно и намерно учествување во активности, чија цел или последица е непочитување на забраните, се наведува во одлуката, објаснувајќи дека мерките не важат за стока со потекло од Крим или Севестопољ која е дадена на преглед на украинските тела и за кои Владата на Украина издала потврда за потекло.“

Во одлуката се додава и дека е забранета продажба, снабдување, пренос или извоз на стока и технологија од црногорски државјани или од територијата на Црна Гора, како и користење на пловни објекти или авиони под знамето на Црна Гора.

XS
SM
MD
LG