Достапни линкови

Ирак - загинале речиси 200 милитанти на ИД


Речиси 200 милитанти на Исламска држава биле убиени од страна на американската коалиција за време на воздушните напади во северниот дел на Ирак оваа недела, соопшти американската армија. Полковникот на американската армија Стив Ворен, портпарол на коалицијата во Багдад, изјави дека околу 500 милитанти извршиле голема офанзива против курдски воени сили Пешмерга во северната провинција Нинева на 16 декември, а коалицијата одговорила со речиси 100 бомби кои биле фрлени врз нив.

XS
SM
MD
LG