Достапни линкови

Саркисјан и Алијев на средба за Нагорно-Карабах


Претседателите на Азербејџан и на Ерменија ќе се сретнат денеска во Берн, Швајцарија во обид да го решат долготрајниот конфликт во врска со отцепениот регион Нагорно-Карабах, соопшти министерството за надворешни работи на Швајцарија. Ерменскиот претседател Серж Саркисјан и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев ќе се состанат на покана од Швајцарија, соопшти министерството. Средбата доаѓа во време на зголемени тензии и судири долж границата меѓу двете поранешни советски држави.

Неодамна ОБСЕ предупреди дека „статус кво ситуацијата во тој регион стана неодржлива“.

Во конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан во деведесеттите години на минатиот век загинаа околу 30 илјади луѓе.


XS
SM
MD
LG