Достапни линкови

Кремљ ја појаснува изјавата на Путин за источна Украина


Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин

Кремљ го обвини НАТО и Украина за погрешно толкување на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за присуството на руската војска во источна Украина. Говорејќи за конфликтот во источна Украина, Путин истакна дека никогаш не рекле оти таму нема луѓе кои биле инволвирани во решавањето на одредени прашања, вклучително и воените прашања. Но, тоа не значело дека има таму редовно има руска војска.

Украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги интерпретираа зборовите на Путин како признание дека Русија испратила војска во источна Украина за поддршка на бунтовниците. Според Кремљ, изјавата на Путин се однесувала на руските доброволци кои се борат на страната на бунтовниците.

XS
SM
MD
LG