Достапни линкови

САД со помош за ирачките Курди во борбата против ИД


Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер

Американскиот секретар за одбрана Еш Картер го посетил вчера Ирбил, кој е главниот град на курдскиот автономен регион во Ирак како дел од неговата ненајавена турнеја во земјата и во соседен Авганистан. Картер остварил средба со курдскиот претседател Масуд Барзани и претставници на меѓународната коалиција предводена од САД кој се бори против милитантната група Исламска држава.

Картер изјави дека Барзани го уверил оти курдските сили ќе земат учество во напорите на коалицијата. Според него, следната испорака на оружје од САД за курдските сили ќе вклучува доволно опрема која ќе биде искористена во борбите за преземање на контролата врз градот Мосул.

XS
SM
MD
LG