Достапни линкови

Грузија и Украина ги исполниле условите за визна либерализација


Европската комисија соопшти дека Грузија и Украина ги исполниле сите критериуми за визна либерализација со која жителите на двете земји ќе може слободно да патуваат во ЕУ најрано во наредната година. Според комисијата, сега земјите членки на Унијата и Европскиот парламент треба да ја донесат конечната одлука. Извори од Брисел соопштија дека Европскиот парламент ќе гласа за визна либерализација на двете земји, но може да има несогласување кај некои земји членки да ја поддржат мерката, особено за Украина.

XS
SM
MD
LG