Достапни линкови

logo-print

Украина нема да и го врати долгот на Русија


Украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук.

Украинскиот премиер Арсениј Јацењук изјави дека неговата земја нема да го исплати долгот од еврообврзницата во износ од 3 милијарди долари на Русија до крајот на викендот. Тој за време на владината седница стави мораториум на отплаќање на било кој долг кон Русија. Јацењук не истакна кога Украина би била подготвена да го исплати долгот. Руските власти претходно соопштија дека ќе поднесат тужба доколку Украина не успее да го подмири долгот на време. Еврообврзницата доспева на 20 декември, но Украина има грејс период од 10 дена.

XS
SM
MD
LG